Louis Vuitton

Моќта на момците од BTS  е во инфилтрирањето на луксузната мода

Louis Vuitton ги именуваше своите најнови глобални амбасадори – тоа се членовите на поп групата BTS. Именувањето доаѓа три месеци откако BTS  помогна да се насочат милиони прегледи на социјалните мрежи кон дигитална презентација на машката есенска колекција на Louis Vuitton за 2021 година, и еден месец откако сите седум суперarsвезди носеа Louis Vuitton на доделувањето на Греми наградите за годинава.

Virgil Abloh, инаку американски дизајнер, архитект и DJ, кој за Louis Vuitton ја креира модата за мажите, рече дека е „воодушевен што BTS се амбасадори на модната куќата и објасни дека партнерството е спој на „луксузот и на современата мода. Едвај чекам да ги споделам со нив новите, возбудливи проекти на кои работиме“, објасни Abloh.

BTS изјавија дека ја гледаат позитивната страна на идната соработка, откако ја изгубија првата номинација за Греми, на годинешното доделување. Да се биде амбасадор на глобален бренд, каков што е Louis Vuitton е вистински возбудлив момент за нас. Со нетрпение ги очекуваме нашите претстојни проекти со Virgil Abloh.

Брендот сподели и фотографии од почетокот на кампањата на BTS –амбасадори на Louis Vuitton на кои тие носат пастелни ансамбли и патики на Инстаграм, нарекувајќи ги BTS „една од најпознатите и највлијателните групи во светот“./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.