Marques’Almeida

За Marta Marques и Paolo Almeida принудната пауза на модната индустрија значеше и помалку притисок и стрес со роковите и колекциите, а повеќе време за социјалната одговорност и грижа за околината во создавањето и изработката на нивните колекции.

Близината на португалските производители им овозможи повеќе да се посветат на одржливоста, да ги посетат локалните фабрики и да ги испитаат новите материјали и методи на производство.

Marques’Almeida

Неверојатно е инспиративно да се види бренд што го искористи сите расположливи средства да спроведе мерливи промени во нивниот деловен модел. Marques’Almeida се веќе долго време поборници работите да ги прават на вистинскиот начин и остварување на поимот промени во модата. Оваа колекција е доказ дека се на вистинскиот пат.

Соработката со сестрата на Marques, која работи во филмската продукција, им помогна во плановите за претставувањето на колекцијата. Одбрана е неверојатна локација, со модна ревија одржана на најдолгиот пешачки мост во светот, во Arouca, во Португалија. И местото и патот се резултат на процесите што ги развиваат и целите кон кои тежнеат.  Тоа го покажува и модниот видео приказ на колекцијата, достапен на:

На мостот-писта, со впечатлива проекција се појавуваат модели кои, како и раната есен, се во мирни, природни тонови, создадена од природни бои на ткаенините, а тие бои го инспирираа расположението од 90-тите години. Основата на линиите е во таа деценија, за над неа да се постават современите трендови.

Одржливоста е преставена низ суровините: рециклиран полиестер, фармерки перени со озон, а направени со помош на рециклиран и органски памук, и тафтата плетена од биоразградливи влакна од Greencel.

Ние секогаш сакаме да бидеме супер аспиративни, објаснува Marques. Модата треба да направи да се чувствувате добро, што е навистина важно, но мислам дека луѓето копнеат за нешто повеќе од тоа сега, за малку супстанција, за малку душа. Гледам дека тоа е можеби улогата на модата во следните пет или 10 години. Се чини радикално, но всушност, ако многу луѓе го прават тоа некое време, тоа ќе стане норма./M.M.

Marques’Almeida

Marques’Almeida

Marques’Almeida

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.