Blockchain

LVMH, Richemont’s Cartier и Prada SpA ги здружуваат силите за да понудат blockchain солуција на нивните клиенти, кои бараат дополнителен доказ за автентичност на купените производи. Алијансата на најголемите компании за луксузна стока во светот, направи план како со  blockchain на купувачите на луксузните производи, да им се овозможи дополнителна сигурност при купувањето оригинали.

Во вчерашната заедничка изјава се вели и дека  технологијата на блокчејн е дигитален начин да се потврди трансакција.

Според управниот директор на LVMH, Antonio Belloni, ова решение ќе им овозможи на потрошувачите да знаат дали некој производ е фалсификуван или не, со обезбедување на шифриран сертификат за гаранција. Таквите сертификати веќе долго време постојат во индустријата, но репутацијата на блокчејн, како досега непоколеблива алатка значи дека овој проект, наречен Aura блокчејн, може да работи подобро. Тој додаде и дека аукциските куќи може да бидат заинтересирани да користат таквите производи кога продаваат уметнички дела./М.М.

You may also like

Comments are closed.