Michael Kors

Во есенската, јубилејна колекција, Kors е фокусиран на облека во стилот „се враќаме на работа„ а неговото кроење е чисто, елегантно, со остри линии, со кои дизајнерот ја покажува својата верба во безвременоста, но не и во запирања. Тој е подготвен да продолжи.

Michael Kors

Жителите на Њујорк имаа ретка можност да го проследат јубилејното мини-шоу на Michael Kors. Негативниот брз тест дозволуваше влез во галерискиот простор на Chelsea, каде многумина, без некогашните ракувања и бакнежи, ја разменуваа само фразата “so good to see you”. Дизајнерот изјави дека во благиот пад на пандемијата, тој бил во потрага по поврзувачки трендови во изминатите 40 години. „Освен трендовите, секако дека и безвременоста е нешто со што отсекогаш сме се гордееле, нешто што мислам дека нашите клиенти навистина го ценат„, изјави Michael Kors, по повод јубилејот.

Да не беше пандемијата со короната, јубилејот ќе беше голем моден настан, со блескава модна ревија и гламурозна забава потоа. Наместо тоа, на компјутерите можеше да се проследи ревијата со Naomi Campbell, Helena Christensen, Carolyn Murphy и Shalom Harlow, кои прошетаа по 45-та улица, облечени во кашмир со две лица. Тие беа дел од 63 прикажани модели, наменети за оваа есен, едновремено и своевидна модна ретоспектива.

Со едновремен поглед и кон минатото и кон иднината, тој го става својот  Q.R. код на селекција на 16 креации од архивата, наменети за есенва. За нив е направено брзо скенирање на оригиналните снимки од ревијата, со пригодни коментари на Kors за нивното создавање. Така на пример, жената која ќе го купи моделот 49 – комплетот со мини здолниште од 1991 година, ќе има можност да слушне се за создавањето и за снимањето на тој модел.

Сакам, доколку тие се на 20 или 30 години, по 20 или 30 години да ја имаат приказната за создавањето на нивната облека, посочи Kors.

Kors како да го запира времето на модата во Њујорк: но, иако еднаш неговата модна писта е во стилот на Mad Men, а потоа се свртува кон  Studio 54, секогаш неговите колекции се исполнети со непоколеблив оптимизам. Така е и сега, на јубилејната, есенска ревија.

Голем дел од она што некогаш е креирано, како на пример мини здолниште за во јануари, сега го земаме здраво за готово. Сумирано – зборуваме за екстреми, за раскош и гламур, како и за лесна едноставност, како дел од креаторски процес што е сеуште во тек и трае четири децении.

Во годината кога Costume Institute ја прикажува American fashion за прв пат, по неколку децении, се чини важно да се признае дека голем дел од она за што било претставувано како американска спортска облека е всушност спортската облека на Kors./M.M.

Michael Kors

Michael Kors

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.