Влијателната луксузна марка Gucci, која годинава одбележува 100 години од основањето, со својата последна понуда предизвика големо внимание, но и поделеност во јавноста – особено онаа на социјалните мрежи. Се работи за $12 Gucci Virtual 25s, патиките што можат да се купат, но не и да се носат – тие постојат само во дигитален облик.
Имено, во соработка со бугарскиот иновативен старт-ап, Wanna, креирани се првите виртуелни патики на Gucci. Достапни се преку апликацијата на Wanna или на Gucci.
Купувањето на Virtual 25s ви овозможува да ги визуелизирате на своите нозе преку AR технологијата на Wanna. Тоа што патиките постојат само виртуелно, ги прави повеќе слични на NFT. NFT, всушност, во моментов доживува експлозивна, но и контроверзна популарност, во настојување да стане идна голема работа во технологијата, финансиите и уметноста. Иако се залага за „не-замавлив токен“ , NFT всушност е дигитална датотека чиј што единствен идентитет и сопственост се потврдуваат на блокчејн. NFT главно се фокусираше на дигиталната уметност – се до наодамна реализираната продажба, па кражба, на дигитално дело вредно 69 милиони долари, со која целата работа е ставена под голем знак прашалник.
AR технологијата овозможува и Virtual 25s да се сметаат за интерактивно уметничко дело. Тоа е, јасно, нешто што е надвор од кутијата и со огромни потенцијални импликации за иднината на луксузот и модата.
Сепак, сите не се убедени во тоа. Имено, на социјалните мрежи коментарите одат од она: „светот е луд, се купуваат дигитални патики за да се направи селфи, наместо банки за храна“, па се до забелешки на дизајнот на патиките. „Доколку се само дигитални, зошто да не ги направите навистина посебни? Нешто анимирано, материјали што не ги гледате во реалниот живот, нови функционалности… велат едни, а другите едноставно – грди се, а и прескапи!
Wanna и претходно соработуваше со брендови за патики, како Puma и Reebok, како и со луксузната малопродажба Farfetch, во настојување да собере искуства и за дигитално вклопување. Обидите за АР во никој случај не се најнов феномен, но чекорот на Wanna во NFT светот со Гучи е прилично уникатен.
Во Wanna, сметаат дека за неколку години, релативно голем дел од приходите на модните брендови ќе доаѓаат од дигитални производи, а тие како компанија сакаат фотографиите од производите да ги заменат за нешто што е поблиску за купување “.
Времето ќе покаже дали ќе се прифатат технологии слични на NFT и AR и ќе започне масовна продажба на виртуелни производи. Мажите собираат часовници што ретко или никогаш не ги носат… Жените собираат „на тони„ чевли кои, можеби, еднаш ги облекуваат… /М.М.