Почетокот на новата ера во историјата на брендот Amouage, ја одбележува колекцијата Renaissance која со четири мириси: Enclave, Crimson Rocks, Ashore и Meander. Наоѓајќи инспирација во матичната земја на брендот, Султанатот Оман, овие софистицирани креации на различни мириси ги создадоа познати меѓународни парфимери: Domitille Michalon-Bertier (Crimson Rocks), Mackenzie Reilly (Ashore and Meander) и Julien Rasquinet (Enclave).
Amouage е меѓународен бренд на луксузни парфеми, создаден во 1983 во Оман. Продолжувајќи да ја гради својата приказна на оваа основа брендот настојува да се движи кон нови истражувања, кон откривање на нови аспекти на парфемите на Amouage, истакнува Renaud Salmon, новиот Experience Officer на Amouage. Одлучив да дебитирам со епска мирисна одисеја, со колекцијата Renaissance – Ренесанса, ново раѓање“.
Колекцијата Renaissance е инспирирана од магичната природа во Оман која го одзема здивот, ги доловува живописните контури на пејзажот, боите и целата нивна убавина. Освен фасцинантните мириси, право уметничко дело се прекрасните бои и пакувањата. Парфемите на колекцијата Renaissance се: Crimson Rocks, Ashore, Meander i Enclave.
Crimson Rocks потсетува на величественоста на планината Ал Хајар на зајдисонце.
Ashore со својот мирис отсликува фатаморгана на сетилата на крајбрежјето на Ras Al Jinza, на средина на летото, осветлено од сончевите зраци.
Meander потсетува на најјужниот дел на Оман, Khareef, во текот на сезоната на монсуни, возбудливо чувство во земјата на маглата, бујните и зелени планини и планинските потоци.
Enclave софистицирано ја прикажува свежината заробена во зајдисонцето на фјордовите на Musandam./M.M.