Заедно со пандемијата, лани беше претставен и храбриот нов свет на дигитални модни куќи, на изданијата на Insta и емисии во живо, од уметнички видеа, до претставувања на YouTube… Имаше социјално дистанцирани претставувања и на модните писти. Дизајнерите се прилагодуваа на моментот, а таа идеја беше преведена директно во нивните колекции  во кои трендовите го сумираат моменталното расположение.

Старите правила повеќе не важеа. Заклучувањата, работата од дома, зоом состаноците, повеќе храна – помалку спортување, сето тоа заедно, со се поизвесната неизвесност и за во 2021 година,  отворија пат кон кежуал стилот како заеднички именител за претстојниот период.

Вообичаено кежуал облеката се преведува како удобност со стил: како облека која во која се чувствувате добро, модерно и забавно, облека во која и дома и на улица го покажувате стилот на индивидуалноста, која има тенденција да се потпре на ултимативните основи на гардеробата. И понатаму, во кежуал облекувањето  се одбираат парчиња кои не се специфични за било која одредена сезона, а направени се од квалитетни материјали и издржани кроења. Тоа значи дека кежуал облекувањето не е негрижа и дека, сепак, подразбира некои услови за да изгледате добро во тоа што го носите.

Ова се клучните елементи на кежуал изгледот со стил за 2021 година:

 

 

 

 

 

You may also like

Comments are closed.