- Што во моментов најмногу те возбудува во животот?
– Живеењето без некој конкретен план и спонтани одлуки, зошто во време на пандемија ништо не може да се планира.
- Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?
– Наутро, вечен ранобудник.
- Што слушате кога слушате музика?
– Инди рок.
- Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?
– Везење.
- Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?
– Кога патувам.
- Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?
– Напуштање на токсични врски, пријателства, работни односи…
- Со што сте опседнати во моментов?
– Миризливи свеќи.
- Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?
– Моментално сум преокупирана со мојот нов бренд Beyondgreen.mk имам многу планови и идеи кои се надевам ќе се реализираат во текот на 2021 година, а за многу скоро ќе биде пуштен во продажба и вториот продукт.
- Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?
– Листата е многу долга, но со тек на време се пречкртуваат желбите.
- Што е нешто што сепак би сакале да го научите?
– Параглајдинг.
- Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?
– Креативна слобода и нови пријателства.
- Што е најтешко во врска со вашата работа?
– Менаџирање на времето.
- Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?
– Loungewear.
- Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?
– Бициклистички шорцеви надвор од теретана или додека вежбате.
- Кое парче секоја жена треба да го има во својата гардероба?
– Класичен беж мантил.
- Без кои три работи не излегуваш од дома?
– Очила за сонце, телефон и книга.
- Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?
– Чај.
- Како би го опишале вашиот личен стил?
– Минималистички и шик.
- Кој парфем го користиш во моментов?
– Jazz Club Maison од Margiela.
- Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?
– Транспарентни пластични чизми и потпетици. /М.М.