Приготвување на тестото: 800 гр. брашно, 300 мл. вода, 10 гр. свеж квасец, мала лажичка сол,  лажица шеќер и лажица маслиново масло.

Bobe’s bakery

Состојки потребни за филот: изблендирани 250 гр. долгнавести домати (пелати), потоа 250 гр. моцарела и листови босилок.

Bobe’s bakery

Тестото се замесува на меко. Се формираат топчиња, се покриваат со крпа и се оставаат да стасаат, најмалку 30 минути. Потоа тестото се дели на пет дела. Се формираат топчиња, се редат на набрашнета површина, се покриваат и се оставаат да стасаат 1 час. Од секое топче се формира круг од 24 цм, се филува и се реди на намастена тава.

Bobe’s bakery

Се печат во загреана рерна на 250Ц, 10 минути.

Наздравје! /Б.Б.

 

 

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.