Васил Зафирчев
  1. Што во моментов најмногу те возбудува во животот?

Новата стварност и нејзините значења и вредности.

  1. Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?

 Рано наутро и доцна во ноќта.

  1. Што слушате кога слушате музика?

Класика и традиционална македонска музика.

  1. Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?

Талентот за готвење.

  1. Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?

На сцената и пред камерата.

Васил Зафирчев, фото: Јован Куциновски

  1. Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?

Тагата по нештата кои никогаш повторно нема да се случат.

  1. Со што сте опседнати во моментов?

Со работа на себеси.

  1. Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?

Нека биде изненадување.

  1. Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?

Кога сте на вистинското место, вистинските луѓе сами доаѓаат.

  1. Што е нешто што сепак би сакале да го научите?

Летање со параглајдер.

Васил Зафирчев, фото: Јован Куциновски

  1. Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?

Пробата е љубов моја.

  1. Што е најтешко во врска со вашата работа?

Чекањето.

  1. Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?

Ин.

  1. Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?

Слепото следење на новите текови и трендови.

  1. Кое парче секоја маж треба да го има во својата гардероба?

Вратоврска пеперутка.

  1. Без кои три работи не излегуваш од дома?

Клучеви, цигари и мобилен телефон.

  1. Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?

Лесни, здрави и вкусни вегетаријански рецепти.

  1. Како би го опишале вашиот личен стил?

Едноставен, но со доза драматичност и елеганција.

Васил Зафирчев, фото: Јован Куциновски

  1. Кој парфем го користиш во моментов?

„Црна орхидеја“ на Том Форд.

  1. Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?

Битлси фризурите. /М.М.

You may also like

Comments are closed.