Теона Манго
  1. Што во моментов најмногу те возбудува во животот?

– Живеењето без некој конкретен план и спонтани одлуки, зошто во време на пандемија ништо не може да се планира.

  1. Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?

– Наутро, вечен ранобудник.

Теона Манго

  1. Што слушате кога слушате музика?

– Инди рок.

  1. Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?

– Везење.

  1. Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?

– Кога патувам.

Теона Манго

  1. Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?

– Напуштање на токсични врски, пријателства, работни односи…

  1. Со што сте опседнати во моментов?

– Миризливи свеќи.

  1. Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?

– Моментално сум преокупирана со мојот нов бренд  Beyondgreen.mk имам многу планови и идеи кои се надевам ќе се реализираат во текот на 2021 година, а за многу скоро ќе биде пуштен во продажба и вториот продукт.

Теона Манго

  1. Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?

– Листата е многу долга, но со тек на време се пречкртуваат желбите.

  1. Што е нешто што сепак би сакале да го научите?

– Параглајдинг.

  1. Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?

– Креативна слобода и нови пријателства.

Теона Манго

  1. Што е најтешко во врска со вашата работа?

– Менаџирање на времето.

  1. Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?

– Loungewear.

  1. Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?

– Бициклистички шорцеви надвор од теретана или додека вежбате.

  1. Кое парче секоја жена треба да го има во својата гардероба?

– Класичен беж мантил.

Теона Манго

  1. Без кои три работи не излегуваш од дома?

– Очила за сонце, телефон и книга.

  1. Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?

– Чај.

Теона Манго

  1. Како би го опишале вашиот личен стил?

– Минималистички и шик.

Теона Манго

  1. Кој парфем го користиш во моментов?

– Jazz Club Maison од Margiela.

  1. Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?

– Транспарентни пластични чизми и потпетици. /М.М.

Теона Манго

You may also like

Comments are closed.