Мода вестиМоделиМоден мозаик

Ивана Манас на насловната на модно списание „ELIT“

Ivana Manas

Македонскиот модел се појавува и во модниот едиторијал на дигиталното издание, во креации на дизајнерот Христијан Младеновски

Ivana Manas

Македонскиот интернационален модел Ивана Манас е на насловната страна и во модниот едиторијал на најновото дигитално издание на модното списание „ЕLIT“. Манас во едиторијалот носи неколку креации на македонскиот моден дизајнер Христијан Младеновски, со кои ја претставува неговата актуелна колекција.

Ivana ManasПојавувањето во „ЕLIT“ е уште едно продолжение на меѓународната кариера на Манас, која досега вклучува ангажмани во кампањи на Dolce & Gabbana, како и учества на модни ревии во Милано на дизајнерите Филип Плејн и Рик Овенс.

Манас во новиот едиторијал е фотографирана во различни комбинации од колекцијата на Младеновски, а фотографиите ги потпишува Дарко Митев.

Ivana Manas

Screenshot

Од нејзината матична агенција Models IN Management велат дека досегашните ангажмани и соработки на Манас ја потврдуваат нејзината позиција на меѓународната модна сцена.
Models IN Management

Ivana Manas

You may also like

Comments are closed.