Меѓународниот конгрес и саем за козметика, нега на коса, естетика и здравје, Допирот на Париз, почна на 21 ноември во дигитален формат. Годинешното, 35-то издание ќе трае до 30 ноември, а модифицираниот формат – дигитален и виртуелен, претставува целосно ново искуство за организаторите учесниците и посетителите. Организаторите дизајнираа платформа за поврзување на целата #beauty заедница. Во текот на саемот ќе бидат одржани разни програми, ќе може да се набавува од дигитални каталози, онлајн продавници и виртуелни штандови. Предвидени се и повеќе вебинари на актуелни теми.
Саемот всушност е добро организирана веб-страница, преку која посетителите лесно се движат и преку едноставно и брзо пребарување го наоѓаат бараното. Поддржана е од добри платформи за разговор и видео комуникација, како и можност за прием на голем број посетители истовремено. Деталите се на: https://touchof.paris/home
Саемот е наменет за производители, експерти, и дистрибутери на козметика, претставниците на велнес центри, аптеки, салони за убавина и фризерства, како и продавници за здрава храна.