Меѓународниот конгрес и саем за козметика, нега на коса, естетика и здравје, Допирот на Париз, почна на  21 ноември во дигитален формат. Годинешното, 35-то издание ќе трае до 30 ноември, а модифицираниот формат – дигитален и виртуелен, претставува целосно ново искуство за организаторите учесниците и посетителите. Организаторите дизајнираа платформа за поврзување на целата #beauty заедница. Во текот на саемот ќе бидат одржани  разни програми, ќе може да се набавува од дигитални каталози, онлајн продавници и виртуелни штандови. Предвидени се и повеќе вебинари на актуелни теми. 

Саемот всушност е добро организирана веб-страница, преку која посетителите лесно се движат и преку едноставно и брзо пребарување го наоѓаат бараното. Поддржана е од добри платформи за разговор и видео комуникација, како и можност за прием на голем број посетители истовремено. Деталите се на: https://touchof.paris/home

Саемот е наменет за производители, експерти, и дистрибутери на козметика, претставниците на велнес центри, аптеки, салони за убавина и фризерства, како и продавници за здрава храна.

You may also like

Вести

MISS WORLD NEW GENERATION 2026

Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS ...

Comments are closed.