На 30 ноември, во одделни продавници и на својот сајт, Zara ја пушта во продажба својата долго очекувана колекција, насловена како Kate Moss for Zara.
Меѓу бројните модни куќи кои, низ креативна соработка со супермоделот Kate Moss, имале можност да го почуствуваат нејзиното влијание во процесот на создавањето е и шпанскиот моден бренд Zara.
Zara го направи достапно бесконечното стилско влијание на Moss, преку колекција дизајнирана од Kate Moss, заедно со нејзината долгогодишна соработничка и стилистка Katy England.
Дебитантската капсула колекција, наменета за забави во овие есенско-зимски денови, нуди мода инспирирана од гардеробата на супермоделот, вклучувајќи ја нејзината љубов кон леопард принт, кроење и винтиџ фустани за чај од 1930-тите.
Колекцијата Zara ја опишува како „разновидна и меѓу-генерациска„, со претставување на стилот и погледот на Moss за модата, преку современа капсулна линија на класични парчиња за забава и со фустани, јакни, чевли и додатоци кои црпат инспирација од седумдесеттите години на Charlotte Rampling и Lauren Hutton, Studio 54 и Led Zeppelin.
Во изработка на кампањата за претставување на Kate Moss for Zara колекцијата, Moss соработуваше со фотографите Mert Alas и Marcus Piggott./М.М.

You may also like

Comments are closed.