Креативниот директор ја напушта италијанската модната куќа по 25 години поминати во неа. – Valentino и Pierpaolo Piccioli се разделуваат, а новата креативна организација ќе биде наскоро објавена, се вели во соопштението.
Piccioli во Валентино е од 1999 година , како дизајнер на модни додатоци, заедно со Mariju Graziju Chiuri. Во 2008.се именувани за ко-креативни директори, за од 2016 година Piccioli да ја превземе улогата на единствен креативен директор, по заминувањето на Chiuri во Dior.


Не сите приказни имаат почеток или крај – некои живеат еден вид вечен сегашен момент, кој сјае толку силно што нема да фрла сенка“, вели Piccioli во својата изјава. Јас сум со оваа компанија 25 години, и 25 години постојам и живеам со луѓето кои ги сплетија нишките на оваа прекрасна приказна што е моја и наша… Благодарам на Valentino и на Giancarlu Giammetti – на нивната доверба како и на секој човек кој на кој било начин го овозможил ова. Беше чест и привилегија да го споделам моето патување и моите соништа со вас.
Во 2012 година, Valentino го купи катарскиот инвестициски фонд Mayhoola за 700 милиони евра, според Reuters. Во јули 2023 година, Kering објави стекнување на 30 отсто од акциите во Valentino за паричен износ од 1,7 милијарди евра.
„Благодарен сум на Pierpaolо за неговата улога како креативен директор и за неговата визија, посветеност и креативност кои го доведоа Valentino до она што е денес“, рече извршниот директор на Valentino, Jacopo Venturini.
„Ја упатуваме нашата најдлабока благодарност до Pierpaolо што испиша важно поглавје во историјата на модната куќа, додаде претседателот на Valentino, Rachid Mohamed Rachid.

You may also like

Comments are closed.