Нова студија откри „прекинувач„ кој го регулира имунолошкиот систен и ги штити здравите клетки
Научниците пронајдоа клучна компонента која може да го спречи имунолошкиот систем да ги напаѓа здравите клетки, откривајќи „прекинувач“ што го деактивира туѓиот ДНК сензор. Цикличната GMP-AMP синтаза (cGAS) е ензим кој игра клучна улога во препознавањето на инвазивните вируси, но кога не е потребен имунолошки одговор, комплексот наречен CRL5-SPSB3 ubikuitin додава хемиска ознака на cGAS за да го означи како вишок.


Ова ново откритие на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Лозана, дава важен увид во контролата на имунолошкиот одговор, нудејќи потенцијал за развој на нови терапии за автоимуни нарушувања како што се дијабетес тип 1 и воспалителна болест на цревата.
Студијата, објавена во списанието Nature , открива како cGAS и CRL5-SPSB3 учествуваат во сигнализацијата на интерферон (IFN), нагласувајќи ја важноста на регулирањето на овие протеини во одржувањето на рамнотежата на имунолошкиот систем.
Овие наоди им овозможуваат на научниците да развијат насочени терапии за да се осигураат дека cGAS секогаш работи во согласност со потребите на телото, отворајќи нови врати во истражувањето за имунолошки нарушувања и терапевтски можности./М.М.

Фото: Пинтарес

You may also like

Comments are closed.