Актерката и деловна жена, Gwyneth Paltrow, го редефинира велнесот со Goop, нејзиниот бренд за животен стил. За Harper’s BAZAAR таа ја сподели својата дневна рутина, како и значењето на грижата за самата себе.
Gwyneth Paltrow вели: Мислам дека најважното нешто за да се чувствувате „добро“ е да сте пријател со самиот себе. Можете да практикувате здрава исхрана или хипербарична терапија со кислород но, ако не се сакате себе си и неможете да се потпрете на себе, мислам дека ништо од тоа не е важно.
Добитничката на Оскар на 26 години, со одисеја по здравјето која никогаш не била линеарна, на 36 години создаде бренд кој сега е синоним за различни практики за барање здравје.„Не сфаќав до 40-та година, но би сакала некој да ми кажеше во моите 20-ти да ги најдам работите што ги сакам кај себе и да се фокусирам на нив и да престанам да си кажуваш ужасни работи“, вели Gwyneth Paltrow.

Сега, на 51 година, нејзиниот совет звучи безмалу проповеднички. „Треба да сакате и да бидете љубопитни да се чувствувате подобро. Затоа што, доколку се сетам на одредени периоди од мојот живот, сфаќам дека примената на одредени рутини прави да се чувствувам подобро. Тоа, на пример, е будење во 6.30 и дваест минутна трансцедентална медитација потоа, како и заминување на спиење пред 21 часот.
За неа, клучно е оценувањето на подготвеноста. „Луѓето мислам се стремат кон благосостојба затоа што мислат дека тоа е она што е потребно, иако е различно од она на што навистина се подготвени: да прашаат каков живот сакаат да водат и како сакаат да се чувствуваат“. Како и со се друго, „резултатите ги чувствувате кога ќе се придржувате до она што ќе одлучите да го направите, вели Paltrow,чиј изглед е физички доказ за тоа што го зборува.
Откако, како што вели ги има усовршено ритуалите кои и одговараат, таа сега инвестира во персонализирани практики кои препознаваат индивидуални разлики – колку и да се нијансирани.
Како што напредува технологијата, работите стануваат повеќе персонализирани, забележува Paltrow. Од собраните податоци на новите паметни уреди и генетско тестирање што открива нешто што можеби ќе треба да се направи, а некој со различен профил не би го направил – сето тоа оди во прилог на нејзината филозофија на благосостојба. На пример, „неодамна беше интересно да се дознае дека не сум добар природен детоксикатор“, споделува таа за нејзиниот процес на генетска метилација. „Тоа беше многу просветлувачки за мене, бидејќи секогаш кога бев застапник за детоксикација и „чистење“ на телото – наидував на отпор од луѓе који тврдеа дека не постои такво нешто, односно дека телото само прави детоксикација. Но, во мојот случај, ми треба многу поддршка за детоксикација. Вклучувајќи сесии со инфрацрвена сауна и четкање на телото.„Велнесот не е „една големина за сите“, има многу различни третмани и модалитети за различни луѓе“, вели Paltrow. Кога е таа во прашање, во сауна влегува два до три пати неделно, се тушира наутро и се бања навечер. Производите на Goop, како четки или соли, со малку есенцијално масло се нејзиниот избор и препорака за сите кои ги мачи несоница./M.M.

You may also like

Comments are closed.