Невромодулаторите се дел на естетските третмани. Науката овозможува развој на нови и подобрени формули, кои постојано се појавуваат на пазарот. Така и невромодулаторот Daxxify, пред една година одобрен од FDA за привремено опуштање на длабоките брчки, сега станува се популарен.
Daxxify е најновата формула на невротоксини. Тоа е ботулински токсин засилен со пептиди, што значи дека користи пептидна технологија за подобро и побрзо да го доставува ботулинскиот токсин до нервните клетки, кој работи на времено блокирање на комуникацијата помеѓу нервната клетка и нејзиниот целен мускул, намалувајќи ги така фините линии и брчките.
Според искуствата на пациентите почетокот на дејството на токсинот е побрз (брчките бледнеат веќе вториот или третиот ден) и трае подолго. Невротоксинот е ист – ботулински токсин А. Разликата е во тоа што Daxxify не содржи човечки серумски албумин, како ботоксот. Наместо тоа, Daxxify користи пептиди за да го стабилизира производот и да ја подобри врската на токсинот со невронот на целната клетка, .
Повеќето пациенти забележале дека Daxxify трае околу за 50% подолго од другите невромодулатори. На пример, ако ботоксот траел два месеца, Daxxify трае од 3,5 до 4 месеци.
Daxxify може да се користи на сите области на кои се користат ботокс, Dysport, Xeomin или Jeuveau. Добар е и за пациентите кои чувствуваат дека дејството на ботоксот брзо поминува и за оние кои сакаат помалку третмани во текот на годината.
Постојат три области во кои Daxxify се разликува. Првата е дека почетокот на дејството е побрз, поради пептидната технологија. Потоа, Daxxify трае подолго, а најдобриот аспект е тоа што се чувствува поприродно.
Најчестиот ризик се модринки или и главоболка по инјекцијата. Во некои случаи, ако токсинот мигрира, може да предизвика пад на очниот капак или, асиметрија со мускулната контракција, што значи дека најверојатно е потребна поголема доза.
Инаку, BOTOX® Cosmetic, XEOMIN®, and Dysport® ја содржат истата активна состојка botulinum токсин тип A, кој ги релаксира мускулите на лицето кои создаваат брчки./M.M.
More in:Убавина вести
Bella Hadid ја претстави парфемската линија на Orebella
Orebella, брендот на палестинската супермоделка Bellа Hadid, донесува вистинска револуција со својата иновативна линија на ...
Који нови феромонски парфеми се најпосакувани
Оспорувана или истакнувана, магијата на феромонските парфеми постоји и опстојува: секоја година се создаваат нови ...
Toy 2 Pearl – револуционерен парфем на Moschino
Moschino Toy 2 Pearl е интензивен унисекс парфем чие создавање е инспирирано од бисерите од ...
Новиот Miss Dior Parfum и Natalie Portman
Новиот Miss Dior Parfum модната куќа Dior го претстави со рекламна кампања во која настапува ...