Невромодулаторите се дел на естетските третмани. Науката овозможува развој на нови и подобрени формули, кои постојано се појавуваат на пазарот. Така и невромодулаторот Daxxify, пред една година одобрен од FDA за привремено опуштање на длабоките брчки, сега станува се популарен.
Daxxify е најновата формула на невротоксини. Тоа е ботулински токсин засилен со пептиди, што значи дека користи пептидна технологија за подобро и побрзо да го доставува ботулинскиот токсин до нервните клетки, кој работи на времено блокирање на комуникацијата помеѓу нервната клетка и нејзиниот целен мускул, намалувајќи ги така фините линии и брчките.
Според искуствата на пациентите почетокот на дејството на токсинот е побрз (брчките бледнеат веќе вториот или третиот ден) и трае подолго. Невротоксинот е ист – ботулински токсин А. Разликата е во тоа што Daxxify не содржи човечки серумски албумин, како ботоксот. Наместо тоа, Daxxify користи пептиди за да го стабилизира производот и да ја подобри врската на токсинот со невронот на целната клетка, .
Повеќето пациенти забележале дека Daxxify трае околу за 50% подолго од другите невромодулатори. На пример, ако ботоксот траел два месеца, Daxxify трае од 3,5 до 4 месеци.
Daxxify може да се користи на сите области на кои се користат ботокс, Dysport, Xeomin или Jeuveau. Добар е и за пациентите кои чувствуваат дека дејството на ботоксот брзо поминува и за оние кои сакаат помалку третмани во текот на годината.
Постојат три области во кои Daxxify се разликува. Првата е дека почетокот на дејството е побрз, поради пептидната технологија. Потоа, Daxxify трае подолго, а најдобриот аспект е тоа што се чувствува поприродно.
Најчестиот ризик се модринки или и главоболка по инјекцијата. Во некои случаи, ако токсинот мигрира, може да предизвика пад на очниот капак или, асиметрија со мускулната контракција, што значи дека најверојатно е потребна поголема доза.
Инаку, BOTOX® Cosmetic, XEOMIN®, and Dysport® ја содржат истата активна состојка botulinum токсин тип A, кој ги релаксира мускулите на лицето кои создаваат брчки./M.M.

You may also like

Comments are closed.