Третата вечер од ревијалната програма на 52-та Первол модна недела (Perwoll Fashion Week) беше во знакот на спектакуларното шоу „Враќање во 80-тите“( Back to the ’80s“) во кое настапија педесетина учесници, а моделите – инспирирани од модата на осумдесетите, беа создадени од повеќе српски дизајнери.
Последниве години на модната сцена се вратија различни елементи од модата на осумдесеттите кои наидоа на добар прием, особено од страна на генерацијата Z, што беше повод организаторот, Белградската модна недела (BFW), да одлучи на публиката да и прикаже нови модели
инспирирани од тоа време.
На ревијата своите модели, инспирирани од модата од пред четири децении, ги претставија:Александра Лалиќ, Ана Љубинковиќ, Амина Хасанбеговиќ, Борис Чакширан, Бошко Јаковљевиќ,
Будислава Кековиќ, Драгана Николајевиќ, Ѓорѓе Башчаревиќ, Игор Тодоровиќ, Ирена Граховац, Ивана Највиќ, ЈСП- Јелена и Светлана Проковиќ, Лагами, Лили Тајлор, Марија Баришиќ, Марко
Главиниќ, Пеѓа Нериќ, СестреС, Соња Јоциќ, Светлана Јаќовиќ, Весна Крачановиќ и Весна Матијевиќ.
Музичка заднина на ревијата беа екс-ју хитови од осумдесеттите, во изведба на повеќе музички ѕвезди. Така, покрај манекенките, меѓу који и Ирена Мишовиќ, една од најпознатите манекенки во тој период, на сцената продефилираа и Невена Божовиќ, Зои Кида, Констракта, Ива Лоренс, Филип Балош./M.M.