Khy е прва самостојна модна етикета на Kylie Jenner. Брендот е создаден во партнерство со Kris Jenner и коосновачите на SKIMS, Jens и Emma Grede, а треба да потсетува на личниот стил на Kylie. Колекцијата ќе биде достапна за купување од први ноември 2023 година.


По речиси една деценија во бизнисот со козметика, Kylie Jenner го насочува своето внимание кон модната индустрија, најавувајќи ја нејзината нова модна етикета Khy.


Откако го лансираше својот заштитен знак за комплет за усни во ноември 2015 година, Kylie Jenner продолжи да го освојува светот на шминката со Kylie Cosmetics кој ја направи 26-годишна најмладата милијардерка на светот.


Зборувајќи за The Wall Street Journal таа вели дека знаела дека сака да дизајнира сопствена облека, како и да создава стилови и облека што е достапни за секого./М.М.

You may also like

Comments are closed.