Montblanc по цел век повторно ги претстави своите модели од 1910-тите и 1920-тите.
Се работи за специјално издание на мали пенкала одлинијата Rouge et Noir. Моделот „Baby“ е црн и обложен со платина и во боја на слоновата коска, во комбинација со позлатени елементи.
Достапни се во конфигурација на пенкало, за оние кои имаат афинитет кон класиците или, со механизам со топче за оние кои претпочитаат нешто попрактично.
Пенкалата Montblanc „Baby“ им оддаваат почит на старите бои, материјали и детали на брендот, истовремено претставувајќи чиста елеганција на минималистичка естетика./М.М.