Ralph Lauren ја слави романтиката и уметноста на неговиот безвременски американски стил, се вели во претставувањето на најновата колекција, наменета за идната пролет, на дизајнерот кој 57 години е на модната сцена, а на Модната недела на Њујорк се врати по четиригодишна пауза.

За пролетта 2024 Ralph Lauren и се враќа на својата љубов кон контрадикторноста, сликајќи приказна за стилот. Мојата женска колекција е за нов вид романса – кул и софистицирана, вели Ralph Lauren. Станува збор за слободата на создавање личен стил преку уметноста на избледените тексас и сликарски цветови, модерната софистицираност на безвременските икони, повторно замислени во црна и златна боја, или, еклектична мешавина на смели бои, сјај и луксузни рачно изработени детали. Ова се приказните за жената за која дизајнирам, чија индивидуалност и уметнички дух се платно за нејзино сопствено самоизразување, потенцира славниот дизајнер.

Во присуство на познати личности, како: Julianne Moore, Diane Keaton, Jennifer Lopez и Amanda во простор што, иако сместен во Бруклин, наликуваше на ранчот на Lauren во Колорадо раскажана е новата иако добро позната модна приказна, повеќе како доказ за позицијата на Lauren на врвот на американскиот моден бизнис.

Колекцијата за пролет 2024 година беше препознатливо Ralph, претежно со американски ткаенини кои само тој умее да ги третира на највозвишени начини; обложени со шифон и тул или извезени со мониста.

Серијата црно-златни изгледи беа можност за игра со логото на RL, кое беше и на торзото на црн фустан со мониста, како на и војничката јакна, комбинирана со свилени панталони и штикли. За Christy Turlington, модната икона која, заедно со  Ralph, блескаше и во некои поранешни децении, беше оставено затворањето на ревијата, во златнен фустан со едно рамо и долга наметка./М.М.

На сајтот на модната куќа може да се проследи целата ревија и да се видат сите модели: https://www.ralphlauren.com/spring-runway

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.