Во пресрет на јубилејниот, 60 роденден Paco Rabanne – модната куќа за облека, додатоци и мириси во соопштението за печатот, открива нов проект со ново, скратено име – „Rabanne“ – ново лого, нов визуелен идентитет и нова – прва колекција на шминка насловена како Rabanne Makeup.
Основана во 1966 година и со интернационална слава стекната со првите фустани изработени во нови материјали како родоид, Paco Rabanne беше интегрирана во две фази (1968 делумно и 1987 година во целост) во Puig, шпанската групација за парфеми.
Во 1969 година лансиран е првиот парфем за жени, Calandre, а во 1973 година, го претстави својот прв машки мирис, Paco Rabanne pour Homme. Следеа и други машки и женски мириси, како што се Fame, Métal и Lady Million.
Според проектот, палетата сега се проширува со прва колекција на шминки, Rabanne Makeup.
Колекцијата ќе биде онлајн лансирана на 21 август годинава./M.M.
Деталите за сето ново во Rabanne се на следниот линк: https://www.pacorabanne.com/us/en_US/fragrance/