Познавачите предвидуваат идната недела, а особено викендот да бидат во знакот на Barbie, со над 80 милиони долари приход, само на американскиот боксофис. Европските предвидувања се значително поскромни иако силната промотивна кампања до максимум го зголеми интересот за филмот на Gerda Gerwig, заедно со нејзиниот партнер Noa Baumbah.

Според трејлерите за Barbie, може да се очекува филмот сериозно да ја сфати злоупотребата на женскиот култен објект, приоѓајќи и на саканата кукла со интелигенција, љубов и – иронија. Gerwig во својата работа укажува на љубезноста, но и на почит кон феминизмот.

Деновиве се случи и розовиот тепих на европската премиера на филмот за Barbie. Актерската екипа, предводена од главните протагонисти – Margot Robbie и Ryan Gosling, како и бројните гости, прошета по розовиот тепих на плоштадот Leicester во Лондон, за да се нагласи естетиката на филмот и да се потсети на неговото присуство во кината, од средината на идната недела.

Barbara Millicent Roberts, или скратено Barbie, е популарна кукла и модна икона создадена во далечната 1959 година, од Ruth Handler.

Со неа раснеле бројни генерации, а Barbiе со годините ги менувала не само изгледот и гардеробата туку и улогите и занимањата. Едноставно, непостоело нешто невозможно за неа – за и на тој начин да ги инспирира милионите девојчиња ширум светот./М.М.


More in:Вести

You may also like

Comments are closed.