Федералниот судија на Менхетен уште еднаш пресуди во корист на француската луксузна куќа, која од минатата година се спротивставуваше на Mason Rotchschild и напродажбата на 100 незаменливи токени (NFT) наречени „MetaBirkin“.
Федералниот судија на Менхетен му нареди на Mason Rotchschild да престане да ги промовира и продава NFT Metabirkins, инспирирани од познатата чанта Birkin на Hermès. Потврдувајќи ја претходната пресуда, судот во Њујорк застана зад Birkin како сопственост на Hermès.
Дефинитивната одлука против Mason Rothschild доаѓа по правна битка од 2022 година кога Hermès поднесе тужба против Rothschild, обвинувајќи го дека го користел брендотBirkin за негова финансиска добивка.
NFT, за потсетување, се уникатни токени кои се користат на блокчејн мрежите за, во овој случај, автентичност на дигитални уметнички дела, односно на MetaBirkin торбите. Идејата на Mason Rotchschild, според која додаденото крзно на сликите на Birkin торбите се уметничко дело, едноставноне помина и целата работа заврши на суд.
Само-наречениот крипто уметник, од своја страна, се залагаше за правото на слобода на изразување и на неговото право како уметник. Тој жестоко го критикуваше ставот на Hermès, „компанија вредна милијарда долари“ која вели дека „се грижи за уметноста и уметниците“, но „мисли дека има право да избере што е уметност и што е уметник“.
Коментарите на Mason Rotchschild не го трогнаа Hermès, кој во него гледа само „дигитален шпекулант“, а во неговите NFT „шема за брзо збогатување“ давајќи лажен впечаток дека модната куќа тоа го одобрила…
Уште во февруари, поротата на Менхетен му наложи на уметникот да плати отштета од 122.125 евра. Но, модната куќа одлучи и да го обнови процесот, откако Mason Rothschild продолжи „да ја промовира и продава MetaBirkins NFT преку различни социјални мрежи. Побарано е запирање на продажбите и враќање на преостанатите токени и приходи.
Mason Rothschild со жалба возврати дека барањето на Hermès оди „далеку од она што е соодветно во случај како овој, кој се однесува на слободата на говорот“.
Но, федералниот судија не се согласи. Во најновата одлукапресудено е дека дизајнерот повеќе неможе да ги промовира и продава MetaВirkins NFT.
Иако регулацијата на крипто и на NFT сè уште се развива, оваа пресуда ги покажува предизвиците со кои се соочуваат брендовите во заштитата на интелектуалната сопственост во Web3 простор. Исходот ќе биде значаен и за идните случаи кои се на тенката линија помеѓу уметничкото изразување и прекршувањето на трговската марка во дигиталната сфера./M.M.