Uncategorized

Schiaparelli: во раскошниот надреализам на Daniel Roseberry

Последниве неколку години колекциите на Schiaparelli се дефинитивно и смели и привлечни, но оваа Haute Couture за есен/зима Fall 2023-2024 е неверојатна. Во оценките за претставеното,  стручната јавност и коментарите на социјалните мрежи се неподелени: создавање на нова, но класична модна изјава можат само најголемите и затоаDaniel Roseberry сега ја носи круната на најголем жив дизајнер.

Уметничката моќ на Roseberry блеска во архитектонските силуети, кои доминираат во колекцијата. Структурираните раменици и стегнат струк создаваат моќна, но женствена естетика, оддавајќи почит на авангардното наследство на Schiaparelli. Секој изглед е вистинско уметничко дело, со стручно кроење и сложени детали кои ја покажуваат вештината и изработката на ателјето Schiaparelli. Тоа е она на што се чекаше откако Roseberry ја презеде позицијата на уметнички директор на париската куќа за висока мода.

Roseberry ја опишува новата колекција како „надреална интерпретација на гардеробата“. Сакав да направам невозможна гардероба – невозможна не затоа што не може да се носи, туку затоа што е надреалистичко толкување на суштинскиот женски плакар. Има чувство на слобода, на непослушност, со парчиња што жената може да ги состави како што сака, заклучува Roseberry.

Облеката на Schiaparelli била и е – нешто многу повеќе од облека. Имено, од сите наследства на Elsa Schiaparelliнајиздржаното, сплотувањето на уметноста со модата е најприсутно во делата на Daniel Roseberry. Неговата модерна и иновативна креативна визија, како и неговите бројни таленти, преставени во четирите годините во моданта куќа, ќе овозможат Schiaparelli да го надградува своето уникатно наследство што, всушност, и го направи револуционерен бренд.

Во светот на модата, има ретки моменти кога историските референци се судираат за да создадат нешто навистина извонредно. Последната колекција на Daniel Roseberry е еден таков момент, и поради тоа што донесува неверојатен омаж на визионерскиот уметник Yves Klein. Тој го дестилира и сето што го направија величествените Charles James и Ralph Rucci  и го однесе Schiaparelli на следното ниво на извонредност.

Уште од првиот поглед станува очигледно дека креативната визија на Roseberry нема граници, бидејќи тој беспрекорно го комбинира наследството на Elsa Schiaparelli со длабокото влијание на Yves Klein, ососбено преку од него замислеатаKlein Blue, во 1959 година. Оваа живописна нијанса на сино со своето етерично присуство проникнува безмалу го секој изглед.

Модниот дизајнер е несомнено повеќе од тесно поврзан со уметничката авангарда која, нему блиска, едновремено е и составен дел од историјата на модната куќа./М.М.

You may also like

Comments are closed.