Утре вечер, деветти јуни, со почеток од 21 часот, во средното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски„ од Скопје ќе биде отворена традиционалната Завршна годишна изложба.
Во галеријата на училиштето, како и низ сите училишни атељеа, младите уметници ќе се претстават со свои дела: слики, мозаици, графики, цртежи, скулптури, керамики, потоа дигитални дела, видео клипови и анимации.
Настанот ќе биде збогатен и со модна ревија на одделот за текстил и облека. Петнаесетина креации на учениците, создадени под менторство на проф. Елена Вангеловска ќе се претстават на црвениот тепих поставен во училишниот двор.
Настанот ќе биде збогатен и со музички настап на култниот Охридски Backdoor band./М.М.
More in:Вести
Светскиот ден на семејството БИМИЛК го одбележува со семинар воден од д-р Ранко Рајовиќ
По повод одбележувањето на 15 мај – Светски ден на семејството БИМИЛК ќе биде домаќин ...
Vinted модната платформа со одлични деловни резултати
Vinted- модната платформа на која се продава и купува користена облека, лани оствари голем деловен ...
Можен ли е свет ослободен од пластика?
Директорот на Earth Day иницијативата за укинување на пластиката, Aidan Charron, има одговор на тоа ...
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
Годинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, ...