Tекстилниот бренд Carnegie Fabrics, кој нуди растителен, био-базиран и одржлив текстил за комерцијални простори, својата палета на производи ја прошири со новата Biobased Xorel колекција.
Biobased Xorel е во моментов најодржливата колекција на текстил за комерцијални простори и може да се користи за тапацир на мебел, ѕидни облоги, па дури и за акустична облога.
Палетата на Biobased Xorel е отпорна на дамки и инхерентно антимикробна, се чисти со белило и е извонредно издржлива. Текстилот е направен е од 91 отсто био-базиран полиетин, добиен од шеќерна трска и нула ПВЦ, и е сертифициран од Cradle to Cradle Gold и Living Product Challenge.
https://carnegiefabrics.com/23-01-creative-collection
Градејќи креативен бизнис, основачот на брендот, Bob Goldman, и неговиот син Cliff, го изградија Carnegie врзфундаментални принципи: посветеноста кон дизајн насовршеноства, грижа за вработените и клиентите, како и стремеж за развој на одржливи материјали.
Carnegie е првата и единствена компанија за текстил и материјали 100% без PVC – и тоа е ветување за секогаш. Сертифициран е со B Corp од 2014 година, како резултат на постојаната посветеност на компанијата за создавање општествено и еколошки одговорни производи и деловни практики.
Последните 70 години се залагаат за одговорни иновации,како Materials That Matter™, докажувајќи дека прекрасните решенија со високи перформанси можат да се испорачаат одржливо./М.М.