Donatella Versace со својата есенска колекција, подготвена за носење и преставена вчера во Лос Анџелес, како што известуваат медиумите, ги допрела покривите на градот на светлината. Се покажало дека резервите биле непотребни и дека Versace по рамно дваесет години беше топло пречекан од светот на славните и тоа само една недела пред свеченото врачување на оскарите.
Не само што пистата беше спектакуларна – поставена на платформата над Pacific Design Center, со прекрасен поглед над покривите на градот – имаше и ѕвездена постава на модели, како Naomi Campbell и Gigi Hadid.

„Сакав да се вратам и концентрирам на совршениот мал црн фустан и совршениот црн костум“, рече Versace. За познатите личности кои сèуште купуваа фустани за доделувањето на Оскарите, имаше многу опции. Некои од најистакнатите беа фустанот обложен со кристали што потсетуваше на модерната Мерлин Монро, црни фустани до скулптурални цветни украси и va-va-voom интерпретации на конусниот градник, работени во различни форми на песочен часовник. Потоа, како дневната облека да ја освои ноќта, почнувајќи од уредно скроеното црно здолниште, во комбинација со блескава бела кошула, како еден од најпосакуваните комплети на сезоната.

Меѓу присутните беа Anne Hathaway, која се појави во убиствен LBD и високи потпетици на платформа, Ariana DeBose носеше фустан кој го запира шоуто со проѕирни црни кристални мрежи, Pamela Anderson во комбинација на мини и црни пердуви…

Присутните целосно го прифатија духот на гламур на Versace. Cher се појави со своето ново момче Alexander Edwards, четири деценији помладо од неа, додека Miley Cyrus, беше во нежно розов и црн шифон, обложен со синџири./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.