Инспириран од модата и исполнет со радост, Nina Fleur е новиот вегански, овошен и цветен мирис на Nina Ricci.
Мирисот содржи 92% природни состојки, има современ розов цветен принт, инспириран од колекциите на модната писта на Nina Ricci.
Легендарното шише на Нина, во облик на јаболко, се трансформира во современо модно парче, претставувајќи впечатлива комбинација на боји који го рефлектираат живописниот цветен парфем.
Nina Fleur се отвора со цитрусен акорд, кој ја комбинира свежината на лимонот и на сочното јаболко. Во срцето се нотите од цвет на портокал и нероли, кои потоа им отстапуваат место на кедарот и мошусот, давајќи му на составот дрвени ноти.
Пакувањето содржи 20% рециклирано стакло и сите елементи од шишето се вадат за да се олесни рециклирањето.
Nina Fleur е како цветен дезен инспириран од модата на Nina Ricci, посочуваат од брендот: слободна и модерна визија за природата./М.М.