Мелатонин серумот е нов потфат во светот на убавината, а идните сознанија за влијанието врз растот на косата, се очекува многу скоро да резултираат со бројни нови производи.

Мелатонинот освен добар сон, обезбедува и убава кожа, вели дерматологот, м-р Keira Barr, во една епизода од Clean Beauty School. Со оглед на придобивките поврзани со убавината, сосема е природно да се запрашаме дали мелатонинот може да даде и други слични резултати. Имено, доколку производите за нега на кожата со мелатонин имаат одредена научна тежина – а грижата за скалпот е и нега на кожата, тогаш мелатонинот може да има и некои придобивки за раст на косата.

„Мелатонинот е критичен за здрав фоликул“, вели Alan Meyers, виш потпретседател и главен научен директор во MONAT, но истражувачите сè уште се обидуваат да утврдат како мелатонинот може да го промовира растот на косата, иако некои нови студии евидентираат забележливи резултати.

„Направени се бројни клинички студии кои покажуваат одредено подобрување кај андрогената алопеција, кај мажите и жените, по примена на мелатонинот“, објаснува дерматологот м-р Cynthia Bailey, основач на DrBaileySkinCare.com. „Делува особено добро кај жените, можеби поради способноста на мелатонинот да го модифицира одговорот на фоликулите на естроген“. Во научна студија реализирана годинава е утврдено дека мелатонин може да влијае врз дермалните папили (клетки пронајдени на дното на фоликулите на косата кои играат улога во растот на косата), што ги објаснува позитивните ефекти.

Мелатонин го намалува и стресот од слободните радикали кај фоликулте кој, инаку, може да доведе до намален раст на косата“, додава Bailey. Оксидативниот стрес игра голема улога во губењето на косата, бидејќи акумулацијата на слободните радикали со текот на времето може да предизвика затворање на фоликулот, што го ограничува растот и може да доведе до опаѓање. Експертите затоа инсистираат скалпот да се третира со антиоксиданси за да се одбрани од слободните радикали. Мелатонинот тука функционира како моќен антиоксиданс.

На прашањето дали мелатонин таблетите обезбедуваат слични придобивки за раст на косата, како и течниот мелатонин – одговорот е негативен, вели Bailey. Мелатонинот во таблети не го зголемува значително нивото на мелатонин во кожата бидејќи црниот дроб го отстранува пред да стигне до кожата. Треба да се користи течен мелатонин.

Бидејќи механизмите на мелатонинот и растот на косата не се целосно истражени, во моментов нема многу серуми за коса со мелатонин. Сепак, неколку брендови ги користат придобивките од мелатонинот заедно со други состојки полезни за скалпот, како што се кофеинот и витаминот Ц.

Иако функционира како антиоксиданс, да не заборавиме дека мелатонинот е хормон – и тоа витален хормон, забележува Bailey. „Досега, локалната апликација на скалпот за третман на опаѓање на косата не покажа дека ги надминува нормалните нивоа на мелатонин во крвта.
Сепак, мелатонинот е прилично сложен и е релативно нов актуелен производ во просторот за убавина, па затоа треба да се внимава на потенцијалните ризици при користењето. Иако повеќето серуми се квалитетни и безбедносно тестирани, сепак, потребна е консултација со лекар или стручњак во оваа област./М.М.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.