Пакет ќебиња поврзани со најлон е „fuckboy“, најновото дизајнерско чедо на контроверзниот креативен директор на Balenciaga, Gvasalia Demna.
Во време кога на зовриените социјални мрежи се редат обвинувања, а Balenciaga и официјално се извини за празничната кампања во која деца држат фетиш мечиња, Demna, во соработка со холандскиот уметник Tejo Remy, објави разнобоен куп од чаршафи и ќебиња, поврзани со најлонски жици. Тоа е новиот „fuckboy“ душек што Balenciaga го продава за 46.300 долари.
Познато е дека врвните брендови отсекогаш ги зголемувале цените на вообичаените артикли. Balenciaga како да одскокнува и од таа листа, со производи со кои како да им се подсмева на потенцијалните купувачи. Потврда за тоа се на пример торбите – копији на кеси за ѓубре, како и кеси од чипс, по цени од над 2000 долари.
Убеден сум дека Balenciaga е разработена шега или социјален експеримент, вели еден корисник на Инстаграм за таканаречениот душек „fuckboy“. Да се види како млад човек спие на куп ќебиња, носи некои сериозни прашања за толкувањата за менталната состојба на мажите хетеросексуалци.
Мразам кутии и мразам етикети и мразам да ме етикетираат и ставаат во кутија. Општеството, интернетот и светот воопшто сакаат да го прават тоа. Колку повеќе се трудите да бидете свои, толку повеќе добивате тупаници в лице… Решив повеќе да не ги објаснувам моите колекции и да ги вербализирам моите дизајни, туку да ја изразам состојба на умот, вели дизајнерот./М.М.