Со модните ревии на Мелани Дигит, Сара Реџиќ, Ателје Краљевски и Роберт Ивановски, се заокружи вториот ден на Скопскиот моден фестивал.

Прва на сината писта продефилира колекцијата „Фигура“ на Мелани Дигит. Апциклираните зимски палта, мантили и бунди се новина во нејзината работа, а деби ревијата пред скопската публика представи преобновлив текстил што на циркуларен начин се претвора во авангардна колекција. Во соработка со македонскиот бренд за долна облека Sara Fashion, унисекс фигурите на Дигит покажаа дека добрата креација трае вечно. Дизајнерката преку најновата серија ја потврди суштествената значајност на одржливата мода, се посочува во соопштението на Фестивалот.

Понесена од хипи движењето како автентичен печат на нејзиниот бренд, добро познатата дизајнерка Сара Реџиќ повторно создаде специфична колекција со традиционални плетива и мноштво дезени, како лајтмотив. Низ сите триесет изгледи од „Јесенија“ се провлекува колоритен израз на силни апстракции, конкретизирани во уметничко парче облека.
„Колекцијата е романтична и одржлива приказна која трае повеќе од деценија, а за која дизајнерката посочува:„ Во секоја креација се препознава и чувствува мојата љубов кон правењето облека„.

Ателјето Краљевски, пред фестивалската публика се претстави со неосекојдневен приказ на нослива ексцентрика. Металик фустани, зимски палта од змиски принтови и тантела здолништа беа дел од безграничната креатива на модната писта.

Крајот на втората вечер го означи Роберт Ивановски, а ревијата на асиметрична машка линија пренесена во единаесет модели, постави нови темели на машката мода. Присутните имаа можност да погледнат возбудливи креации со едноставна, а сепак драматична естетика што плени. „Создаваме современа облека за урбани луѓе, кои имаат тенденција да вклучат уметност и безвременски дизајн во нивното секојдневие. Модерен и минимален гот дизајн се главните карактеристики за нашиот стил“, изјави Ивановски./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.