Освен во освојувањето на нови технологии за создавање алтернативни биоматеријали, колекцијата на Bai го покажа и големиот креативен потенцијал на младата кинеска дизајнерка.

Модните дизајнери сè повеќе експериментираат со растителни алтернативи на кожата, бидејќи потрошувачите ја одбегнуваат конвенционалната, животинска кожа, како и нејзините неодржливи производствени процеси.
Yuhan Bai, студентка на Royal College of Art веројатно има отидено најдалеку. На Неделата на холандскиот дизајн (Dutch Design Week) таа го претстави својот труд наречен Soil Project.

Станува збор за колекција направена со алтернатива на кожа, базирана на состојки од почвата.

За Yuhan Bai почвата е еден од највредните и најважните извори на енергија во светот – ги негува сите култури. Богата е со органски материи, и заслужува да биде истражена , особено од аспект на создавање на алтернативи на кожата.

За да направи замена за животинска кожа, Bai користела желатин, агар, скроб, глицерин и глутен, за потоа добиената смеса да ја комбинира во различни пропорции со почвата. Добиениот транспарентен биоматеријал, по двегодишно експериментирање, е дизајниран да изгледа и да се чувствува мек како животинска кожа, и да е флексибилен како силикон.

Проектот покажа дека памукот, ленот, свилата и другите природни ткаенини потешко се обојуваат и дека темно кафеавата почва има најдобра боја, па така е и одбрана за средство за боење на добиените ткаенини. За време на моите експерименти, открив дека почвата е богата со минерали и дека природните минерали се користеле во античко време како природни пигменти и за минерално боење, вели Bai.
Ткаенината налик на кожа е сечена со ласер за да се создаде корсет, додека другите делови од облеката се од алишта набавени од пазар за винтиџ облека. Проектот на Yuhan Bai, предизвика голем интерес на неодамна одржаната Недела на холандскиот дизајн./М.М.

You may also like

Comments are closed.