Британскиот моден бренд Burberry ја представи својата божиќна колекција и рекламна кампања во која за прв пат учествуваат колумбиската пејачка Shakira и нигерискиот пејач и продуцент Burna Boy.
Кампањата „The Night Before“, се фокусира на подготовките и возбудата околу Бадник. Брендот претстави и моден филм,како очекуван дел од празничната сезона за љубителите на модата. Филмот го прикажува Burna Boy со екстравагантни црни ангелски крилја – ажуриран поглед на еден од божиќните симболи. Во филмот Shakira се појавува во надреалистичен домашен амбиент, облечена во проѕирен фустан украсен со сребрени кристали.
Shakira, која за прв пат учествува во голема модна кампања, истакнува дека е искрено воодушевена и дека Burberry е навистина легендарен бренд. Коментирајќи ги турбуленциите во приватниот живот,(крајот на врската со Gerard Piqué, фудбалерот на Барселона), поради кои е често во јавноста, пеачката посочува дека подготвено ја пречекува новата 2023 и сето што таа ќе и го донесе./М.М.