ModaModa го слави вториот роденден со 1910 наслови и речиси милион посетители.

Со 1910 наслови го истражувавме светот на модата, убавината дизајнот и креативноста. Го откривавме патот на создавањето на нашите креатори – дизајнери и ракотворци; следевме настани и одбележувавме јубилеји; откривавме нови научни достигнувања, што го олеснуваат животот и се во настојување светот да стане подобро место за живеење.
Речиси милион од вас ни го подарија своето внимание и ние сме длабоко благодарни за тоа!
Во бескрајната палета на нијанси, тонови и текстури, ModaModa останува да блеска со свој, особен сјај – до некои нови достигнувања, бројки и јубилеји. Со вас!

 

You may also like

Comments are closed.