Under Armour во изминатите неколку години напорно работеа на развивање на нова технологија за патиките за трчање. Фокусирајќи се на податоците од анализите и спроведените истражувања, собрани на илјадници часови тестирање, тимовите за истражување и развој уште еднаш го покажаа најдоброто од себе, претставувајќи ги новите UA Flow Velociti Wind 2, патики за трчање, со иновации во јадрото.

Според брендот, Under Armour’s Flow Velociti Wind 2 целосно го менува дизајнот на традиционалните патики за трчање, со новата, уникатна лесна конструкција. Новите обувки се со најлесната технологија за средниот ѓон, со што е зголемена амортизацијата во текот на трчањето. Пената за Flow Velociti Wind 2 се одликува е природно леплива, така што традиционалните гломазни прекривки не се потребни. Од брендот трдат дека на тркачите им овозможуваат поврат на енергијата, неверојатна конзистентност, како и сигурна издржливост.
UA Flow ја елиминира потребата од тежок гумен надворешен ѓон, отстранувајќи ја тежината што обично се додава на традиционалните патики за трчање.


„UA FLOW се со технологија што ја менува играта, ги проширува способностите на брендот за доставување на најдобро искуство и решение за патики на тркачот“, изјави Douglas Smiley, менаџер на глобалната линија производи за Performance Run во Under Armour. „Flow Velociti Wind 2 испорачува брзина чувајќи го тркачот заштитен, обезбедувајќи неверојатно враќање на енергијата и ставајќи го ветрот во грбот со секој чекор, секое трчање, секој ден“.
UA Flow Velociti Wind 2 го содржи она што се нарекува „супер-инженерствоо“, со кое патиките се прилагодуваат на стапалото на тркачот во текот трчањето./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.