Брендот SKIMS на Kim Kardashian годинава достигнуваа нови деловни и имиџ височини, а потврда за успехот е и ангажманот на најпопуларните супермодели во индустријата за својата најнова кампања.

Така, во најновите модели на долна облека на SKIMS се најдоа Heidi Klum, Alessandra Ambrosio, Candice Swanepoel и Tyra Banks. Облечени во главно беж долна облека, со Perspex потпетици, моделите ги покажуваат трендовските дизајни на SKIMS, истовремено истакнувајќи ги нивните затегнати тела.

SKIMS стана исклучително успешна компанија уште од своето основање, а првата информација за деловната проценка од 1,5 милијарди долари, во април 2021 година, ја стави во редот на најуспешните во модната индустрија на долна и на спортска облека.

Според Forbes, Skims сега е со проценка од 3,2 милијарди долари, откако во јануари, во последниот круг на финансирање, собра 240 милиони долари./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.