За својата пролетна кампања #YourChoiceYourFARFETCH, Farfetch ги ангажира актерката Kim Cattrall и пејачката María Isabel.

Најновите модели на Prada, Area и Miu Miu, како и на многу други модни брендови, прикажани на веб-страницата на електронската продавница, можат да се видат и на актерката: златно сатенско палто од KHAITE и црвена чанта Prada. Пејачката пак преферира микро мини здолниште Miu Miu.

Освен модни фотографии за пролетната понуда, Farfetch објави и краток филм со музика инспирирана од винтиџ модата, за да се претстават различните модни брендови, со различни колекции и цени, во кои секоја од целните групи може да пронајде она што го посакува.

„Навистина сакавме да создадеме кампања која на крајот ќе им соопшти на потрошувачите дека нема никакви ограничувања, кога станува збор за нивното самоизразување преку модата“, вели Hollie Rogers од Farfetch,. „Нашите протагонисти во кампањата #YourChoiceYourFARFETCH ги претставуваат љубителите на модата од различни возрасти и стилски референци, избирајќи ги парчињата што ги прават да се чувствуваат сигурно и самоуверено./М.М.

You may also like

Comments are closed.