За својата кампања за пролет/лето 2022 година, британскиот бренд Hackett London повторно го ангажира Jenson Button. Легендарниот британски возач и светски шампион во Формула 1, Jenson Button, минатата година ја започна соработката со брендот, беше именуван за амбасадор и ја сними својата прва рекламна кампања за Hackett London.
За кампањата за пролет/лето 2022 година, од фотографот John Balsom, Button е снимен на британските плажи, каде што ги претставува клучните парчиња: ленена јакна во меки бои, син костум, како и беж комплет од памук , потврдувајќи го така класичниот репертоар на Hackett London.
Hackett Limited е познат британски бренд што дејствува како повеќе-канален продавач на облека за мажи и момчиња, со широк спектар на облека и додатоци. Компанијата е основана во 1983 година во Лондон, Англија и има над 160 продавници на глобално ниво./М.М.