Германскиот моден дизајнер Philipp Plein инвестира 1,4 милиони во дигитални недвижности
Германскиот моден дизајнерот Philipp Plein купил земјиште на Decentralend платформата за 3D виртуелна реалност за 1,4 милиони долари. Продажбата е направена со 510.000 Mana, што е криптовалута на Decentralend платформата. https://decentraland.org/
Локацијата, која сега го носи името Plain Plaza, опфаќа 65 парцели во Decentralend метаверзумот и ќе биде користена за продавници, музеи, хотели, луксузни апартмани и посебни настани што брендот ќе ги организира во метаверзумот.
Plein рече:„Ние сме тука да останеме и да ја развиваме и споделуваме креативноста на сите наши брендови – Philipp Plein, Plein Sport и Billionaire – и во оваа нова димензија на човековата интеракција во која лично многу верувам “.
Philipp Plein е германски моден дизајнер и основач на Philipp Plein International Group во која се брендовите : Philipp Plein, Plein Sport и Billionaire. Најновите колекции за годинава се достапни на неговата електронска продавница https://www.plein.com/mk/search/?cgid=women-SS22