Rihanna штотуку ја претстави својата нова празнична колекција Savage X Fenty, а ја покажа на најдобар можен начин: Rihanna самата го рекламира комплетот долна облека во виолетова свила и проѕирен градник и танга со висок струк и ремени со подвезици.

Во видеото посветено на колекцијата е напишано: „Кажете им дека сте на списокот на непослушни, @badgalriri #uxtra“!

Rihanna го стилизираше својот аутфит со соодветна,празнична фризура и шминка. Таа неодамна сподели досега невидено видео од зад сцената на нејзиното трето модно шоу Savage x Fenty, како и ново видео на кое се гледа како носи сино боди без прерамки од латекс што ја истакнува нејзината фигура и на најдобар можен начин ја претставува новата колекција. /М.М.

https://www.savagex.com/

You may also like

Comments are closed.