За разлика од летните парфеми, кои треба да бидат поблаги, зимските се силни и долготрајни, за да го надминат студеното време што се знае ги неутрализира миризбите.

Изборот на идеален парфем често зборува за жената што го носи, а може да биде вистински предизвик. Тоа често може да бидат парфеми со потпис на познати личности или оние кои ги обожаваат и мажите па затоа спаѓаат во категоријата унисекс. Предложените парфеми се сметаат за идеален избор за долготраен, заводлив мирисен траг.

Black Opium, YSL
Полн со страст и енергија, совршено ги усогласува црното кафе и ванилата, создавајќи сладок, но првенствено заводлив мирис. Доколку сакате да го привлечете целото внимание кон себе, Black Opium, парфем на францускиот бренд Yves Saint Lauren.

La Vie est Belle, Lancome
Парфем што е прототип на модерен женски парфем кој од своето појавување до денес е најпопуларниот мирис на младите дами. Парфемот е интензивен, исклучително елегантен и луксузен. Откако ќе го пробате овој парфем, сте пробале речиси 80% од женските дизајнерски парфеми што се појавиле во последните неколку години.

Crystal Noir, Versace
Иако беше претставен во 2004 година, крајот на популарноста на неодоливиот парфем на познатиот италијански бренд не е на повидок. Crystal Noir во своето мистериозно шише носи допир на луксуз и уникатност, сето потребно во студените зимски месеци.

Good Girl, Carolina Herrera
Интригантниот, софистициран мирис на дизајнерката Caroline Herrera заведува со својата модерна елеганција и нескротлив дух. Иако култното издание ни е омилено, неодамна пристигна и лимитирана верзија, во металик нијанса, која за многу кратко време ги освои припадничките на понежниот пол ширум светот./М.М.

You may also like

Comments are closed.