Холандскиот бренд за мебел Circuform лансира REX, рециклирана пластична „депозитна столица“ дизајнирана од Ineke Hans, која по употреба купувачите ќе можат да ја вратат на производителот и да добијат дел од парите платени при купувањето. Hans го претстави REX за време на Dutch Design Week. Столот е дизајниран да има што е можно помало влијание врз животната средина, преку повеќе иновации и на почетокот и на крајот на животниот циклус на производот.REX е преработка на столица од 2010 година, направена е од рециклирана пластика, од рибарски мрежи, четки за заби, компоненти за канцелариски столови и друг индустриски отпад.
Малопродажната цена вклучува депозит од 20 евра, кој Circuform ќе му го врати на клиентот доколку го врати столот по употреба. Старите столици потоа може да се поправат и повторно да се користат или да се рециклираат за да се создадат нови.
За да се претстави концептот направена е серија фотографии со детали за секоја фаза од процесот, од наоѓање материјали за рециклирање за Circuform и за REX столиците до финалниот производ.
Столот е направен од рециклиран PA6, термопластика што се користи за рибарски мрежи.
Сакавме да направиме столче за секого: за дебели, слаби, високи или ниски луѓе, велат од брендот.
Старите столици или се поправаат и препродаваат, или се рециклираат во нови производи. Филозофијата на брендот е во кружната економија, концептот на модел на производство и употреба кој не создава отпад и минимално ги оптоварува природните ресурси.
Компанијата постави серија депозитни станици низ Холандија, за да го олесни процесот на враќање на старите столчиња од купувачите./М.М.