Костенот е еден од највкусните и најчести есенски десерти. Се препорачува не само пради вкусот, туку и поради хранливите материи, минерали и витамини со кои обилуваат овие јаткасти плодови. Костенот е богат со фолати, (инаку карактеристични за листест зеленчук), а  содржи и  Б1, Б2 и Б6, фолна киселина, како и витамин Ц. Во костените се и  значајни минерали како: магнезиум, манган, калциум, железо, цинк и калиум. Ваквиот состав помага во формирањето на црвени крвни зрнца и за синтеза на ДНК. Ова е добра храна за трудниците, бидејќи ја спречува појавата на аномалии кај фетусот.

Влакната од костени ќе ви помогнат да го намалите нивото на холестерол. Од костенот може да се направи и брашно и пире, бидејќи како и лешникот и бадемот, не содржи глутен. Од друга страна, има поголем процент на скроб, поради што е посличен на компирот и пченката.

Костенот може да се јаде сварен, печен, како пире или колач. Во кој било облик, вкусот е единствен, а хранливите вредности бројни.

Костените се познати по тоа што помагаат во случај на дигестивни и бубрежни проблеми. Чајот од костени помага при симптоми од астма и бронхитис.

Костенот содржи високо ниво на моно-незаситени масти, како што се оленската и палмитинската, кои го штитат кардиоваскуларниот систем и заедно со влакната во костенот, може да го намалат нивото на холестеролот.

Костенот има својство да ја исфрла водата од организмот, па така помага и во случај на бубрежни и желудочни тегоби. Помага за циркулација и проток на храната низ цревата, како и водата.

Поради своите антивоспалителни својства, костенот е идеален производ за луѓето што страдаат од артритис и реума./М.М.

You may also like

Comments are closed.