По двете победи на музичката сцена – на Санремо и на годинешната Евровизија, италијанската рок група својот пробив кон светските врвови ја прави со два потега: ја создадоа нивната прва песна на англиски „I Wanna Be Your Slave“ и – се појавија во новата Gucci Aria кампања. Маестралниот спој на модата и на музиката е пресликан преку винтиџ естетика и рок став што Maneskin претходно го изнесуваа и низ соработката со италијанскиот моден бренд Etro.
Сега Gucci го облекува бендот за песната „I Wanna Be Your Slave“, во костуми со цветни дизајни, фустани од розов тафт и кожни јакни на кои пишува “Puppet’”. Со 40 милиони прегледи на YouTube, јасно е дека формулата на успехот е откриена – како за Maneskin, така и за најновата колекција на Gucci.
Колекцијата ги вбројува и класичните Gucci мокасини, црни појаси и широки кроеви исполнети со везени детали, кожа и антилоп материјали./М.М.