Американскиот бренд Heron Preston се здружи со технолошката компанија Zellerfeld за да ги создадат и промовираат првите целосно 3D печатени патики наречени Heron01
Патиките во три бои на Heron01 се пуштени во продажба, а се создадени без фабрики или синџир на снабдување. Патиките се направени од единствен материјал – без шевови, шиење и токсични лепила. Heron01 патиките се рециклираат, што значи дека Zellerfeld може да ги претвори во материјал за нови обувки.
Рециклирањето на обувките отвораат широк спектар на нови можности за дизајн и производство, вклучувајќи го и потенцијалот за клиентите да ги „ажурираат“ своите чевли со препечатување во понова верзија.
„Heron01 е само почеток – со производство на додатоци, потенцијалот е неограничен“, соопштуваат од Heron Preston. „Успеавме да дизајнираме и отпечатиме функционални и еволуирачки прототипови за неколку часа – со традиционално производство, ова би траело со месеци.“
Heron01 може да се печати во стандардни големини, а исто така може да се прилагоди и со скенирање на стапалата со мобилен, овозможувајќи брза и лесна персонализација и оптимизација./M.M.