Од први декември стапува во сила забраната за користење на пластичните кеси, односно ќе биде дозволена продажба на само биоразградливи кеси и тоа по цена од 15 денари. Средствата што ќе бидат собрани ќе ги користи специјален фонд за животната средина.
Од први декември се забранува и пластиката за еднократна употреба во угостителските објекти во заштитените зони, меѓу кои се Пелистер, Маврово и Шар Планина.
Одлуките се дел од новите четири закони за управување со отпад, чија цел е, како што појаснија од Владата, да се реши деценискиот проблем со отпадот. Со овие закони се заокружува легислативната неопходна за европеизирање на управувањето со отпад. Обезбедени се сите предуслови за еден модерен, функционален систем за управување со отпадот што конечно ќе биде соодветно имплементиран во земјата.
Во подготовката биле вклучени меѓународни и локални експерти, потоа општините, операторите со отпад и комуналните претпријатија, граѓанските организации и граѓаните. Целта е да се создаде систем што ќе ги опфати потребите на сите, но и високите стандарди за заштита на животната средина.
Со законската основа обезбедено е целосно спроведување на Националниот план за управување со отпад за период од 2021 со 2031 година. Овој план, надоврзан на квалитетната законска рамка го дефинира управувањето со отпад и користењето на расположливите ресурси.
Создададени се со намера да се постигне еколошка безбедност, преработка, отстранување на отпадот со економски придобивки, а на начин што е најдобро приспособен на состојбите во земјата./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...